30 May 2012

Серијата 3 на BMW пред проширување

Според од порано познатите информации, BMW се подготвува да ги издвои купе и кабриолет верзијата на серијата 3 како посебен модел.

Засилените активности на баварската марка навестуваат дека овој модел, означен како серија 4, би можел да биде претставен веќе на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува есенва. Официјални детали за него не се познати, а според она што неофицијално се зборува, кабриолет верзијата би имала троделен метален преклоплив кров. Механичката основа би била иста како и кај седан верзијата на серијата 3, со акцент на помоќните агрегати и технички понапредни, кои, најверојатно, сите ќе бидат со турбо компресор. И внатрешноста не би претрпела некои големи промени.
Освен купе и кабриолетот, се очекува BMW да ја понуди серијата 3 и во Gran Coupe верзија. Нешто подолго од лимузинската изведба, купето со четири врати, кое исто така би можело да се појави во Париз, ќе биде понудено со ограничен избор на помоќните мотори од серијата 3.

No comments:

Post a Comment