Потврдувајќи ја премиерата, но не кажувајќи точно кога и каде, Opel го објави и името на новиот кабриолет - Cascada.
Зборот кој на шпански јазик значи водопад треба да асоцира на природно избалансираните пропорции и прекрасни мускулести линии кои на новиот кабриолет ќе му доловат чувство на елегантност и рафинираност. Иако настапува како замена за Astra TwinTop, која имаше преклоплив метален кров, Cascada има платнен покрив кој се отвора при брзини до 50 km/h. Кабриолетот со четири седишта е долг добри 4,7 метри, што наведува на заклучок дека е поставен на продолжена платформа на Astra, а од неа ќе ги наследи и моторите, најверојатно само помоќните. За да подобро се издвои и позиционира повисоко од останатата гама на Astra, заради што и челниците на компанијата се одлучија за ново име, Cascada ќе биде првиот модел на Opel во кој ќе биде вграден новиот 1,6 литарски бензински турбо мотор со директно вбризгување на горивото во цилиндрите и старт-стоп систем, најавен во неколку верзии со силина до 200 KS.
За разлика од широко распространетите шпекулации, Opel нема да ја покаже Cascada на салонот на автомобилите во Париз, сакајќи на тој начин да не одзема од вниманието кое му е потребно на малиот Adam. Со продажба, Cascada ќе стартува на почетокот на идната година, а според новата организациона структура, Opel и овој модел ќе го произведува во Полска.

поврзани вести:
Ќе се појави ли и кабриолет верзијата на Astra во Париз?
Ќе се појави ли и кабриолет верзијата на Astra во Париз?
No comments:
Post a Comment