Во пресрет на салонот на автомобилите во Париз, Fiat ги објави првите податоци за Panda 4x4.
Малиот теренец како единствен во својата класа живее веќе триесет години и за тоа време има стекнато мала, но доста верна публика, која Fiat се потруди да не ја разочара и со неговата трета генерација. Долга само 3,68 метри, Panda 4x4 ќе се разликува од нормалната верзија по изменетото ослонување, поголемото растојание од подлогата и поробусниот изглед добиен со пластичните заштити на каросеријата и новите предни и задни браници, како и по неколкуте декоративни елементи во внатрешноста и специфичната колорна шема. Погонот на сите тркала електронски се контролира во зависност од условите на патот, а ESC системот за контрола на стабилноста располага и со ELD (Electronic Locking Differential) функција. Panda 4x4 ќе биде понудена со 0,9 литарскиот TwinAir двоцилиндричен турбо мотор со 85 KS и 1,3 литарскиот MultiJet дизел со 75 KS, и двата стандардно опремени со старт-стоп систем и шестстепена трансмисија со скратен прв степен.
Како дополнување на гамата, Fiat ќе ја понуди и Trekking верзијата на Panda, во која ќе бидат искомбинирани теренскиот изглед на Panda 4x4 и со систем за контрола на тракцијата подобрената механика од обичната Panda со погон само на предните тркала. И не само тоа - понудата на Panda ќе биде збогатена и со нејзината Natural Power верзија, чиј 80-коњски TwinAir мотор како погонско гориво користи метан.

поврзани вести:
Fiat привршува со развојот на Panda 4x4
Fiat привршува со развојот на Panda 4x4
No comments:
Post a Comment