Моделот кој се развива подолго време под работната ознака Family Activity Sports Tourer ќе биде првиот BMW со погон на предните тркала.
Уште пред појавувањето на новата серија 1, од BMW започнаа да пристигнуваат информации дека се подготвува и нејзина GT верзија, која би била направена според слична формула како и истоимената изведба на серијата 5 - разликата е во тоа што серијата 1 GT повеќе би била моноволуменски насочена. Паралелно со нив се зборуваше и дека Баварците развиваат погонски систем кој би ги задвижувал предните тркала. Сега тие две информации не само што се споија, туку и дополнија со веста дека концептот на новиот модел, со ознака Active Tourer, ќе биде покажан на салонот на автомобилите во Париз.
Долг 4,35, широк 1,83 и висок 1,56 метри, концептот со блага еволуција на сегашниот семеен дизајн на BMW има релативно долго меѓуоскино растојание од 2,67 метри. Според досега познатото, GT верзијата на серијата 1 ќе биде поставена на UKL1 платформата од идниот Mini. Оваа платформа ќе има можности и за погон на сите четири тркала, но со помош на електромотори, како што е случај со концептот. Од моторните опции, извесно е дека ќе бидат понудени и новите трицилиндрични турбо бензински и дизел мотори, кои ќе се произведуваат во Велика Британија.

поврзани вести:
И BMW размислува за фабрика во Мексико
И BMW размислува за фабрика во Мексико
No comments:
Post a Comment