Сé до скоро настапувајќи строго како европска марка на General Motors, согласно стратегијата за преживување од пред неколку години Opel започна да се шири и глобално.
Покрај Русија и Турција, каде е присутен од порано, интернационализацијата на марката веќе ги доближи возилата со молња на носот до купувачите во Кина, Северна Африка и Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, а сега и во Австралија и Чиле.
Во Австралија, Opel веќе отвори 17 дилерства, кои ќе ги освојуваат купувачите на најмалиот континент со Corsa, Astra и Insignia. Според Opel, за вакви или слично големи модели се одлучуваат дури 80% од тамошните купувачи. Во Чиле, пак, каде, како тврдат Германците, Opel ужива големо реноме, ќе се настапува со Corsa, Meriva, Astra и Insignia. Не се објавени прогнози за очекуваната продажба на овие два континента.

No comments:
Post a Comment