Првиот словенечки суперавтомобил Tushek Renovatio T500 може да ги фрли на колена и своите конкуренти од северот на Италија - располага со централно поставен 4,2 литарски V8 мотор од Audi RS4 со 450 KS, кој преку шестстепен мануелен менувач го лансира 1.133 kg тешкиот автомобил до 100 km/h за само 3,7, а до 200 km/h за 11,5 секунди и дотерува до максимални 310 km/h. Компанијата основана од словенечкиот тркач Аљоша Тушек планира (рачно) да произведе само 30 примероци од него, индивидуално прилагодени кон барањата на секој купувач, по цена од 300.000 евра.
No comments:
Post a Comment