По долго очекување и проследен со вести за одложување на лансирањето, Mondeo конечно блесна со сиот свој сјај на европскиот континент.
Пристигнувањето на Mondeo на Стариот Континент беше проследено и со расчистување на една заблуда, дека моделот е само европска варијанта на американскиот Fusion, со други мотори и малку изменет дизајн. Сепак, Mondeo е многу повеќе, не само заради тоа што ќе биде понуден и во петвратна и караванска верзија, туку и заради изненадувањето за сите, дека ќе биде на располагање и со малиот еднолитарски трицилиндричен мотор! Колку и да звучи неверојатно, сепак малата EcoBoost „централа“ располага со 125 KS и 170 Nm, што се доволни за основна моторна верзија на една ваква лимузина. Меѓу другите погонски единици најавена е и хибридна варијанта, а се очекуваат и верзии чии дизел мотори ќе ги задвижуваат сите четири тркала.
Ford има намера новата генерација на Mondeo да ја позиционира повисоко, доближувајќи ја до премиум моделите од оваа класа.
Ford има намера новата генерација на Mondeo да ја позиционира повисоко, доближувајќи ја до премиум моделите од оваа класа.
поврзани вести:
Mondeo ќе доцни во Европа
Mondeo ќе доцни во Европа
No comments:
Post a Comment