Стилски добро сработениот DS3, како предводник на ексклузивната гама на Citroën, ќе добие и своја отворена верзија.
Парискиот салон на автомобилите ќе има уште една значајна премиера - со отворената верзија на DS3, Citroën не само што ја засилува својата ексклузивна DS линија, туку покажува и дека е подготвен и за поголеми предизвици. Покрај хоризонталното проширување на оваа гама, овој чекор на француската марка беше и некако очекуван, бидејќи DS3 во многу нешта го означи новиот правец на развојот на името на кое некогаш многу му веруваа.
Според првите објавени фотографии, Citroën DS3 Cabrio ќе има платнен преклоплив покрив кој ќе се протега само над покривот на каросеријата (каков што имаше C3 Pluriel) и кој се отвора до брзини од 120 km/h. Некои поголеми модификации во понудата не се очекуваат, така што можеме да претпоставиме дека во продажба, чиј старт е закажан за првата половина на идната година, ќе се најде со посилните мотори од хечбекот.
За две години од лансирањето, од сите три модела од DS серијата Citroën досега има произведено над 250.000 примероци, најмногу токму од DS3.

No comments:
Post a Comment