Големата популарност на Duster ги поттикна дизајнерите на Dacia да размислуваат во сличен правец и за Sandero Stepway.
Се зборува дека Dacia веќе ја има подготвено новата генерација на Sandero, која можеби ќе се појави во Париз, под услов француските директори да одлучат наместо како што беше првобитно планирана за идната, да ја пуштат на пазарот веќе оваа година. Sandero генерално не би требал да го смени изгледот, туку само да добие почисти линии, особено на предниот дел каде поклопецот на моторот би бил порамен, а маската и светлата повпечатливи.
Неговата полутеренска верзија, пак, би го добила ликот на Duster, со што ќе се обиде да привлече поинаков слој на купувачи настапувајќи како помала и поевтина алтернатива на романскиот теренец. Типичните SUV детали присутни и во сегашната генерација ќе бидат дополнително истакнати, растојанието од подлогата зголемено уште малку, но Sandero Stepway и понатаму ќе нема теренски способности, бидејќи целокупната механика е предвидено да биде иста како и кај претстојниот Logan, кој исто така се планира(ше) за обновување идната година.

No comments:
Post a Comment