Дали со покажаниот интерес за купување на марката De Tomaso, BMW тргнува по стапките на Volkswagen?
Некогаш фамозниот италијански производител De Tomaso немаше среќа да ги преживее бурните времиња кои за него траат малку подолго - по неколкуте банкроти и промени на сопственоста, фирмата моментално е во мат-позиција, а нејзиниот сопственик зад решетки. По пролетниот банкрот, De Tomaso сега е во сопственост на италијанска влада и за неговата судбина ќе решаваат стечајните судии идниот месец.
Мала надеж дека името старо 53 години, кое некогаш под своја капа ги имаше Maserati и Moto Guzzi, сепак ќе остане да живее на автомобилската сцена, донесе веста дека BMW е заинтересиран за купување и ревитализирање на марката, без имот и без долгови. Баварскиот производител својот интерес за De Tomaso го изразил директно до италијанското министерство за индустрија, кое ја потврди информацијата, додавајќи дека се разговара и со други (италијански) компании.

No comments:
Post a Comment