Како се доближува салонот во Париз, така сé повеќе најавени модели стануваат реалност.
Еден од нив е и кросовер купето Paceman, кое Mini со концепт го најави лани во Детроит. Направено на основа на теренскиот Countryman, со кој ќе го дели подвозјето, погонот на сите четири тркала и моторите, Paceman ќе биде повеќе од негова тривратна верзија. Не отстапувајќи дизајнерски многу од концептот, со агресивен преден дел, покрив кој благо се спушта и позакосен заден дел, неговиот изглед е поспортски и Paceman делува попремиум од својот донатор, од кој е и за 20 mm подолг и 13 понизок.
Премиерата ќе ја има на салонот во Париз, а во продажба се очекува идната година.
Премиерата ќе ја има на салонот во Париз, а во продажба се очекува идната година.
поврзани вести:
Mini со макси гама
Mini со макси гама
No comments:
Post a Comment