По бројните проблеми со кои се соочува, пред калифорнискиот производител на електрични возила се исправи уште еден.
Првиот масовно произведуван модел на Fisker наместо идната година, како што беше предвидувано, ќе се појави најрано во 2014 година. Причината за тоа е недостатокот од свежи пари за довршување на неговиот развој и оспособување на поранешната фабрика на General Motors во Делавер, каде Atlantic треба да се произведува, за што недостигаат уште 150 милиони долари.
За својот прв модел, ексклузивниот седан Karma, Fisker потроши повеќе од милијарда долари, сите обезбедени од приватни фондови. Fisker досега, главно не заради своја вина, беше одбиен од американската влада за заеми во вкупна висина од 528 милиони долари, 169 за Karma, која сега се произведува во Финска и 359 за ревитализирање на фабриката во која ќе се произведува Atlantic, за кого веќе се потрошени 400 милиони долари приватни пари.
Fisker планира годишно да продава по 100.000 примероци од Atlantic, за разлика од Karma, чија цел беа само оптимистички високи 7.000 парчиња годишно.

поврзани вести:
Fisker го претстави новиот Atlantic
Fisker го претстави новиот Atlantic
No comments:
Post a Comment