Најпрво за јапонскиот пазар, каде се продава под името Escudo, а сега на салонот во Москва и за Европа, Suzuki ја покажа малку подновената Grand Vitara.
Како модел кој го има истиот изглед од 2005 година, Suzuki интервенираше со козметички зафати на Grand Vitara за да го задржи интересот на купувачите. Новата маска и неколкуте изменети детали на надворешноста се проследени со збогатување на постоечките и нови пакети опрема, додека механиката во целост е задржана - надолжно поставен мотор, независно ослонување на сите четири тркала и скоро идеална 50:50 распределба на тежината по оски.
Продажбата на освежената Grand Vitara во Европа ќе започне кон крајот на годинава. Како и досега, ќе се нуди во варијанти со три и пет врати, со интегрален погон на сите четири тркала.
Продажбата на освежената Grand Vitara во Европа ќе започне кон крајот на годинава. Како и досега, ќе се нуди во варијанти со три и пет врати, со интегрален погон на сите четири тркала.
No comments:
Post a Comment