Согласно препораките на кинеската влада, BMW и неговиот кинески партнер подготвуваат нова марка автомобили.
Причината зошто BMW се реши на ваква соработка покрај тоа што успешно настапува на кинескиот пазар, се токму „препораките" на кинеската влада за креирање на домицилни марки и развој на електрични возила, кои досега ги имаат послушано голем број странски компании, бидејќи во спротивно, експанзијата на производството на странските марки возила ќе биде практично оневозможена.
Заедничките планови на BMW и Brilliance предвидуваат под ознаките на новата марка да се произведуваат електрични возила кои би биле базирани на серијата 3. Развојот би бил заеднички, но и покрај напреднатата технологија што BMW ја има за настап на ова поле, електромоторите би биле со знакот на Brilliance.
Со помош на партнерството со Brilliance, BMW во Кина ги произведува сериите 3, 5 и X1, додека моделите од сериите 1, 6, 7, X3, X5, X6 и Z4 се увезуваат. За првите шест месеци од годинава, BMW во Кина продаде 140 илјади возила, што е за 27% повеќе од истиот период лани.

No comments:
Post a Comment