Двата концепта од Женева со кои се проширува гамата на 208 во нови правци, станаа сериски производ.
Со GTi верзијата на 208, Peugeot сака да ја реинкарнира легендата 205 GTi, која делумно продолжи да го живее својот век преку моделот 207 RC, кој во Велика Британија се продаваше како 207 GTi. За таа цел, 208 GTi располага со убедливи спецификации - 1,6 литарски турбо мотор со 200 KS и 275 Nm, тежина од 1.160 kg и забрзување до 100 km/h за помалку од 7 секунди. Податоците за максималната брзина и потрошувачката не се објавени, а емисијата на CO₂ е 145 g/km.
За комплетно комбинирање на перформансите, безбедноста и спортското задоволство во возењето, изменети се системот за управување и ослонувањето, тркалата се од 17 инчи, а кочните дискови поголеми. На надворешноста е интервенирано во деталите кои го нагласуваат спортскиот карактер на моделот (маска, ретровизори, странични прагови, задни дифузери, LED светла и слично), а внатрешноста доопремена со стилски пакет со LED позадинско осветлување на инструментите, алуминиумски педали и кожа на седиштата, спортскиот управувач, рачката од менувачот и панелите на вратите. Peugeot 208 GTi во продажба ќе се најде во првиот квартал идната година.
Вториот модел, пак, криптично означен како XY, става акцент на градскиот стил на живеење на современите луѓе кои ги ценат карактеристиките на овој модел на Peugeot - компактноста, елеганцијата, внатрешниот простор, опременоста, уживањето во возењето… За него од Peugeot велат дека започнува ново поглавје во приказната 208, кое со својата ексклузивна опременост и исклучително прецизна работа со материјалите и боите ќе го пишува во ритамот на модерниот стил на градскиот пулс. Ќе биде на располагање со 1,6 литарски бензински (од 120 и 155 KS) и е-HDi дизел мотори (од 92 и 115 KS).

поврзани вести:
Peugeot 208 (видео)
Peugeot 208 (видео)
No comments:
Post a Comment