Ако и досега малку збунуваа имињата Transit и Tourneo, со или без додавката Connect, тогаш отсега на продавачите на Ford ќе им требаат повеќе живци, а на купувачите повеќе концентрација за да ги разграничат мноштвото различни модели кои имаат навидум исти имиња и навидум исти модели, кои пак, имаат различни имиња, за да знаат за што се работи, бидејќи најстарото автомобилско име кое е во активна употреба, Transit, годинава доби нови варијанти, подваријанти и меѓуваријанти.
За да тргнеме по некаков ред, приказната треба да започне од таму каде што треба - од Transit. Широката лепеза возила со различна техничка конструкција што досега се продаваше под едно заедничко име, сега е разделена на две - поголемите и понатаму ќе се викаат Transit, без никакви додавки, додека помалите го добија името Transit Custom. Уште помалиот Transit Connect, сега обновен, останува на истото место во понудата, а под него, во таканаречениот мини-карго сегмент, Ford ќе го понуди Transit Courier.
Моделот кој го носи само името Transit е најголем од сите и спаѓа во категоријата возила од 2 тона. Ќе биде понуден во огромен број деривати кои ќе се добијат со комбинирање на седумте типа каросерија, трите должини, двете висини и трите типа погон - на предните, задните или сите четири тркала, на кои заедничка ќе им биде работната зафатнина на моторите од 2,2 литри, со 100, 125 и 155 KS. Новиот Ford Transit, кој во Европа ќе се најде во продажба кон крајот на идната година, ќе биде понуден и во САД како замена на тамошната Е-серија доставни возила. Transit Custom е комплетно нов модел од еднотонската категорија и веќе е во продажба, а обновениот Transit Connect, кој како и досега, ќе се нуди во три каросериски варијанти со две меѓуоскини растојанија, на пазарот ќе се појави кон крајот на 2013 година. Поставен е на глобалната C платформа (Focus, Kuga…) и освен со 1,6 литарскиот дизел со 75, 95 и 115 KS, ќе биде понуден и со 1,0 литарскиот трицилиндричен EcoBoost мотор со 100 KS. За малиот Transit Courier, кој е базиран на Ford-овата глобална B платформа (Fiesta, B-Max…), засега се знае само дека е планиран за продажба во 2014 година.
И за крај, сите овие модели, освен најголемиот кој се вика само Transit и кој доаѓа само во доставна и комби верзија, располагаат и со полуксузна патничка варијанта која го носи името Tourneo. Сé на сé, Ford понуди вкупно 7 модели, обединети практично како посебна субмарка. Заедничко на сите нив им е дека имаат пријателски изглед, добро се опремени и располагаат со големи можности за прилагодување спрема потребите на корисниците.

No comments:
Post a Comment