Аналитичарите предвидуваат дека за две-три години Русија ќе стане најголем европски пазар, поголем и од Германија, на кој ќе се продаваат по повеќе од 3 милиони возила годишно.
Причината за тоа се гледа во растечката економска моќ и потребата за автомобил на руските граѓани - во моментов во Русија, иако има скоро двојно повеќе жители, се возат помалку возила отколку во Германија, голем дел од нив многу стари. Но, колку и да е тешко да се предвидат идните времиња во едно не баш така лесно предвидливо општество како што е руското, Lada се подготвува да ги дочека - рускиот производител на салонот во Москва, кој се одржува од 31 август до 9 септември, имаше три премиери, меѓу кои најинтересен беше концептот наречен Xray. Креиран од поранешниот дизајнер на Mercedes и Volvo Стив Матин, овој концепт јасно ја покажува неговата визија за создавање препознатлив идентитет на марката. Не така острите, но сепак аглести форми се истакнуваат со нападниот преден дел на кој маската, светлата и браникот се поврзани со декоративни елементи кои ја креираат буквата X, додека прифатливо футуристичката внатрешност го наметнува заклучокот дека ќе осамне во сериските модели на Lada побргу отколку новиот дизајнерски јазик, кој британскиот дизајнер има желба да го наметне.
И вториот новитет е интересен - наречена El Lada, после осумчасовно полнење на батериите електричната верзија на Kalina има автономија од 150 km и може да постигне 140 km/h, бројки кои веднаш ги заинтересираа ставрополските локални власти, кои веќе нарачаа сто примероци за такси службите. Третиот новитет, пак, не е футуристички, туку секојдневен - додавајќи и малку помодерен дух, поквалитетен ентериер, обновени мотори, подобрена безбедност и збогатена опрема, Lada ја обнови Kalina. Техничките подобрувања на моделот кој во продажба ќе се најде идната година се направени во соработка со инженерите на алијансата Renult-Nissan, чиј партнер сега е и AvtoVAZ.

No comments:
Post a Comment