Освен во САД, двете компании според договорот за соработка склучен меѓу Daimler и Renault-Nissan пред две години, ќе соработуваат и во Европа.
Според информациите од германските бизнис весници, Германците и Јапонците размислуваат за заедничко производство на возила од компактната класа некаде во Источна Европа. Од можната соработка и двете компании ќе имаат големи придобивки во поглед на намалувањето на трошоците за развој и организацијата на производство. Доколку овој проект се оствари, првите заеднички произведени возила, најверојатно од SUV класата, би се појавиле во 2016 година. Infiniti има големи планови за освојување на европските пазари, за што, нормално, им се потребни конкуренти модели, а Mercedes сака до 2015 година да ја зголеми продажбата на компактните возила од ланските 178.000 на 500.000 возила годишно. Пред некој месец, Infiniti се договори со Magna Steyr почнувајќи од 2014 година, првиот компактен модел на јапонската премиум марка да се произведува во нивните погони во Австрија. Според тогаш кажаното, платформата и добар дел од компонентите за овој модел ќе бидат преземени од А класата на Mercedes.
Повеќе детали за овој можен потфат ќе дознаеме на салонот во Париз, кој се одржува кон крајот на септември.
Повеќе детали за овој можен потфат ќе дознаеме на салонот во Париз, кој се одржува кон крајот на септември.
No comments:
Post a Comment