Со концептот TeRRA, подготвен за салонот во Париз, Nissan покажува како можат да се искомбинираат два света, електричните и SUV возилата.
Наведувајќи ги по обратен редослед отколку ние, јапонската марка која е доста успешна во овие два автомобилски света го креираше концептот кој треба да најави како тие ја гледаат иднината на својата моделска гама.
Еднакво распределувајќи го влијанието на SUV и еколошките елементи при креирањето на концептот, стручњаците на Nissan го доведуваат до ново ниво на софистицираност својата 4x4 погонска група, која за овој концепт е составена од системот кој се користи кај Leaf за предните тркала и по два електромотора сместени во главчините на задните тркала, како кај концептите Pivo, додека за нула емисиите се задолжени горивните ќелии.
Атлетскиот екстериер дава впечатливо присуство и покрај компактните димензии (отприлика колку Juke), а уникатниот дијагонален систем на седење укажува дека овој концепт е далеку од производствените планови и дека од него можеме само да очекуваме дека ги најавува дизајнерските црти на идните модели на Nissan. Сепак, може да сметаме и дека е сигнал за нешто ново на технолошко поле.

No comments:
Post a Comment