135 милиони долари е сумата која Ford ќе ја вложи за да ги зајакне своите позиции во развојот на возилата на иднината.
Стартот на продажбата на електричниот Focus и двете хибридни верзии на C-Max ја најавија сериозната посветеност на марката кон новите еколошки технологии. Доказ дека нема тука да се застане е и најавената инвестиција од 135 милиони долари, со кои ќе се забрза развојот на електричните и хибридните возила. Центарот за напреден инженеринг со површина од 26.500 m² веќе е преименуван во центар за електрификација и во него повеќе од 1.000 лица ќе учествуваат во истражувањето и развојот на клучните компоненти на електричните возила. Лабораториите за тестирање на батериите ќе располагаат со 160 индивидуални канали во кои ќе можат да се симулираат сите аспекти од нивниот животен век, со што се очекува времето потребно за развој на еколошките возила да се скрати за 25%.
Овие чекори на Ford се очекува да придонесат во намалувањето на цената на електричните и хибридните системи и до 30%.
Овие чекори на Ford се очекува да придонесат во намалувањето на цената на електричните и хибридните системи и до 30%.
поврзани вести:
Универзален полнач за електромобилите
Универзален полнач за електромобилите
No comments:
Post a Comment