Најавена на салонот во Женева, хибридната верзија на Outlander ќе биде една од париските премиери на Mitsubishi.
Настапувајќи како прв хибриден plug-in SUV во светски рамки, Outlander PHEV може да се пофали со две тешко споиви карактеристики, еколошките особини на електричните возила и off road својствата на теренските возила. Сето ова е добиено со еден потег - хибридното спојување на 2,0 литарскиот бензински мотор со пар електромотори од по 60 kW, по еден за секоја оска, кои овозможуваат три режима на возење - чисто електричен, сериски хибриден и паралелен хибриден, кои можат да се бираат рачно или автоматски, во зависност од стилот на возење, состојбата на батериите и условите на патот. За електричната автономија од 55 km во првиот режим се грижат литиум-јонските батерии од 12 kWh, а кога тие ќе се испразнат, стапува на сцена серискиот хибриден режим на возење, во кој моторот произведува струја за двата електромотора, додека третиот, паралелен хибриден режим на работа, кога сите мотори работат заедно, се користи главно при високи брзини. Mitsubishi вели дека Outlander PHEV со еден литар гориво е способен да помине дури 61 километар.
Целокупниот електричен систем на Outlander PHEV е дериват на оној што се употребува кај малиот i-MiEV. Outlander PHEV во продажба ќе се најде идната година, најпрво во Јапонија, а потоа и во Европа, САД и на другите пазари.
Целокупниот електричен систем на Outlander PHEV е дериват на оној што се употребува кај малиот i-MiEV. Outlander PHEV во продажба ќе се најде идната година, најпрво во Јапонија, а потоа и во Европа, САД и на другите пазари.
поврзани вести:
Mitsubishi Outlander (видео)
Mitsubishi Outlander (видео)
No comments:
Post a Comment