Под мотото „Клучот за перфекцијата“, новата, седма по ред генерација на Golf блесна со сите свои атрибути пред многубројните присутни гости во берлинската нова национална галерија на музејот на модерната уметност.
Дизајнот, како што знаевме, му е еволутивен, со јасна порака дека продолжува по стапките на досегашните шест генерации, кои за 38 години се продадоа во повеќе од 29 милиони примероци. На промоцијата, Валтер де Силва искоментира дека еден од клучните фактори за успехот на Golf е неговиот континуитет, мислејќи очигледно на неговиот изглед со препознатливиот преден дел со нови светла и хоризонтално избалансирани елементи, силуетата со моќни линии, малите стакла во ќошињата на предните врати, карактеристично дебелиот заден столб и поострите линии на задната, петта врата.
Пропорциите на новиот Golf овозможуваат повеќе простор и за патниците, за чија безбедност ќе се грижат новите системи со кои Volkswagen уште еднаш поставува нови стандарди, како што се електронската блокада на диференцијалот, адаптивниот темпомат кој може целосно да го запре возилото и сопирачките кои освен со системите за спречување, се опремени и со иновативна функција за намалување на последиците од судар која го кочи возилото после несреќата. Во внатрешноста со препознатлив семеен изглед се забележува централната конзола свртена кон возачот, а за поголем комфор на патниците и порелаксирано возење се задолжени новите нивоа на опременост, во кои се среќаваат екран чувствителен на допир, електрична рачна сопирачка, индуктивен полнач за мобилен телефон, прогресивен систем за управување, активни светла, систем за препознавање сообраќајни знаци, Park Assist и City Emergency Braking системи и друго.
Новиот Golf ќе се нуди со нови мотори, сите турбо, со директно вбризгување, старт-стоп систем и систем за регенерација на силата на кочење. Сега засега, од дизел моторите на располагање ќе бидат 1,6 и 2,0 литарските TDi мотори со 105 и 150 KS, кои можат да се пофалат со просечна потрошувачка од 3,8, односно 4,1 l/100 km и емисија на CO₂ од 99, односно 106 g/km, а бензинската моторна понуда ќе се состои од два TSi мотора, малиот 1,2 литарски со 85 KS (4,9 l/100 km и 113 g/km CO₂) и современиот 1,4 литарски со деактивација на цилиндрите и 140 KS, кој може да помине 100 km со само 4,8 литри, притоа испуштајќи 112 g/km CO₂ во атмосферата. Сепак, рекордер е BlueMotion дизел верзијата на Golf, со потрошувачка од неверојатни 3,2 l/100 km и емисија на CO₂ од 85 g/km. Во продажба ќе се најде веќе во ноември, по цена која нема да се разликува од досегашната.

поврзани вести:
Volkswagen ги објави првите детали за Golf VII

No comments:
Post a Comment