По кој знае кој пат, стартот на продажбата на Alfa Romeo во САД повторно е одложен.
На марката која е единствена што според имиџот, историјата и динамизмот на моделите може да се мери со BMW и Audi, Американците уште малку ќе мора да почекаат. Причината и за ова одложување е иста - релоцирањето на ресурсите и времето во ден-за-ден променливите планови за преструктуирање на најновата автомобилска алијанса Fiat-Chrysler.
Според досега испланираното, Alfa Romeo требаше веќе кон крајот на оваа година да биде присутна на пазарот во САД. Огненото крштевање требаше да го направи купето со централно поставен мотор 4C, на кое кон средината на идната година ќе му се придружеше и новиот компактен кросовер базиран на Jeep Cherokee, а пред почетокот на 2014-та и Giulia. Но, сега се слуша дека премиерата на сериската верзија на 4C е планирана за салонот во Детроит, кој се одржува во јануари, што значи дека е многу, многу тешко тој да се појави во продажба пред тоа. Новите планови за појавување на Alfa Romeo на американскиот пазар ќе биде објавени наредниот месец.
Alfa Romeo лани продаде 132.000 возила. Некогашните планови на Fiat беа продажбата на марката до 2014 година да стигне до 400.000 возила годишно, бројка која после беше намалена на 300.000. За остварување на вака амбициозната цел, освен веќе споменатите модели, треба да помогнат и петвратната верзија на MiTo, караванската верзија на Giulietta, мал субкомпактен SUV базиран на Fiat 500X, голема лимузина која би била наследник на Alfa 166 и родстер кој ќе се развива заедно со Mazda, но во моментов комплетната идна гама на Alfa Romeo е под ревизија.

No comments:
Post a Comment