По Polo, Golf Plus и Touran, Volkswagen го прошири своето Cross семејство и со Caddy.
Полутеренските изведби на возилата имаат добар прием кај купувачите на Volkswagen, па не треба да чуди што германскиот производител традицијата да нуди ваква верзија ја прошири и со Caddy. Направена на основа на лани претставената Edition 30 на патничкиот Caddy, Cross верзијата се разликува само по поробусниот изглед добиен со естетско-заштитните елементи на каросеријата, кои му даваат потеренски изглед. Додадени се и поголеми тркала со димензии 205/50 R17, кои укажуваат дека Cross Caddy нема така често да се вози на терен, за што не е ни наменет, бидејќи нема никакви теренски способности - погонот и натаму е само на предните тркала, барем не во сите верзии. Побогатата опрема и полуксузниот ентериер треба да ја оправдаат поголемата цена, а купувачите ќе можат да бираат меѓу верзиите со 5 и 7 седишта и комплетната гама мотори и менувачи со кои се нуди и обичната патничка варијанта на Caddy, вклучувајќи ги и DSG и 4Motion опциите.
Volkswagen Cross Caddy ќе започне да се продава на почетокот на идната година.
Volkswagen Cross Caddy ќе започне да се продава на почетокот на идната година.
No comments:
Post a Comment