Британскиот премиум производител го најави својот најбрз сериски модел направен било кога.
Опишувајќи го новиот John Cooper Works GP со зборовите „голем во перформансите, мал во бројките“, Mini уште во март ја најави втората генерација на овој (полу)тркачки модел. Тогаш, оставајќи го најслаткото за на крај, не објави никакви бројки за тоа какви екстремни перформанси успеале да извлечат британските инженери од 1,6 литарскиот турбо мотор.
Со доближувањето на терминот за неговата париска премиера, дојде време и за десертот, кој вели дека најбрзиот Mini направен било кога располага со 218 KS и 260 Nm, способни да го забрзаат до 100 km/h за 6,3 секунди и дотераат до респектабилни 242 km/h. Тркачките технологии, кои ги вклучуваат и преработеното подвозје со прилагодливо спортско ослонување со кое возилото може да се спушти и до 20 mm, моќните сопирачки дискови со по шест клипа и високоперформансните пневматици 215/40 R17 специјално развиени за него од Kumho, плус аеродинамичните додатоци на каросеријата и ентериерот за кој се споменува дека е без задни седишта, на 2.000 избрани купувачи, по засега непозната цена, треба да им гарантираат вистинско тркачко чувство, а кога нивното расположение е парадно, Mini John Cooper Works GP просечно ќе им потроши по 7,1 литар на 100 километри и испушти во атмосферата 165 g/km CO₂.

No comments:
Post a Comment