Неправдата према купувачите на Porsche е исправена - отсега и Cayenne, а не само Volkswagen Touareg и Audi Q7, ќе биде на располагање со V8 дизел мотор.
Подготвена за покажување на салонот во Париз, помоќната дизелска верзија на Cayenne ќе го има познатиот 4,2 литарски твинтурбо V8 од своите полубраќа, навиен на 382 KS и монструозни 850 Nm, за чие кротење ќе биде задолжен компанискиот Porsche Traction Management активен погон на сите четири тркала. Што значи сето ова, најдобро илустрираат бројките - Cayenne S Diesel до 100 km/h забрзува за само 5,7 секунди и постигнува максимални 252 km/h. Од друга страна, декларираната потрошувачка му изнесува само 8,3 l/100 km, за што заслуга има и старт-стоп системот.
Сепак, најважната бројка е онаа која вели дека цената на Cayenne S Diesel на матичниот пазар, кој во продажба ќе се најде во јануари, ќе изнесува 77.684 евра, што е за 15.708 евра повеќе од шестцилиндричната дизел верзија.

No comments:
Post a Comment