Новиот сопственик на шведскиот производител на возила успеа да ги добие правата за името Saab, но не и за логото.
Во соопштението со кое новиот сопственик на Saab објави дека е завршен трансферот на имотот на банкротираната компанија, се вели уште и дека е постигнат лиценцен договор со авионската и одбранбената индустриска компанија Saab AB за користење на името за идните електрични возила што се подготвуваат, додека логото, кое го користи уште и Scania, нема да се употребува.
Новата компанија National Electric Vehicle Sweden (NEVS) го поседува имотот на три од четирите банкротирани компании - Saab Automobile, Saab Automobile Powertrain и Saab Automobile Tools, заедно со фабриките, машините, лабораториите и тест полигоните, како и правата за моделот 9-3 и Phoenix платформата. Сумата за која е реализирана оваа зделка не се објавува. Четвртата компанија Saab Automobile Parts и понатаму останува во сопственост на шведската држава.
Според бизнис планот на NEVS, првиот електричен автомобил, базиран на Saab 9-3, ќе биде подготвен за 18 месеци.

поврзани вести:
Новиот сопственик на Saab сé уште преговара за името

No comments:
Post a Comment