Во очекување на новиот модел наречен Tuatara, американскиот производител на суперавтомобили SSC North America ја подготви финалната верзија на Ultimate Aero.
Доозначена со буквите XT, што, претпоставуваме, е кратенка од Extreme, специјалната финална едиција на Ultimate Aero ќе биде задвижувана од ултрамоќниот 6,9 литарски твинтурбо V8 мотор со 1.300 KS и 1.361 Nm, позајмен од неговиот наследник. Американскиот производител кој порано ни беше познат под името Shelby Supercars, вели дека со овој централно поставен мотор кој преку седумстепен менувач ги задвижува задните тркала, Ultimate Aero XT, кој тежи само 1.270 kg, може да постигне 100 km/h за 2,65 секунди, 322 km/h (200 милји на час) за неверојатни 15,65 секунди и максимални уште поневеројатни 273 mph, односно 439 km/h.
Од финалната XT едиција на Ultimate Aero, кој се произведува веќе осум години, ќе бидат направени само 5 примероци, сите со засебна колорна шема која повеќе никогаш нема да биде употребена кај некој модел на SSC. Со постигнати 256,18 mph (412 km/h), обичната верзија на Ultimate Aero, задвижувана со мотор со 1.183 KS, го држи гинисовиот рекорд за најбрз сериски произведуван автомобил.

No comments:
Post a Comment