Објавувајќи само премногу општи информации за својата париска премиера, Suzuki нé остави сами да погодуваме кој нивни нов модел ќе го претставува подготвениот концепт.
Ако судиме според со ознаката S-Cross која ќе ја има концептот што Suzuki го подготви за Париз, тогаш ќе заклучиме дека се работи за наследникот на SX4, кој веќе е навлезен во годините кога треба да ја очекуваме неговата замена. Но, ако се потсетиме на стратешката филозофија на Suzuki, кој своите модели ги прави така да истраат на пазарот многу подолго од другите производители, тогаш можеби се работи за нешто ново. На тоа асоцира (иако можеби погрешно) и наведувањето на Suzuki дека се работи за стилски обликуван нов кросовер од Ц сегментот.
Како и да е, деталите ќе ги дознаеме пред 29 септември, кога парискиот салон на автомобилите ќе ги отвори своите врати за посетителите.
Како и да е, деталите ќе ги дознаеме пред 29 септември, кога парискиот салон на автомобилите ќе ги отвори своите врати за посетителите.
No comments:
Post a Comment