По налог на францускиот партнер, Mitsubishi на неодреден период престана со производството на француските електрични возила во својата фабрика во Мицушима.
Иако причината за тоа официјално не се соопштува, таа лесно може да се препознае во продажните резултати на iOn и C-Zero, од кои Peugeot и Citroën во првите шест месеци годинава продадоа 852, односно 935 примероци. Договорот меѓу Јапонците и Французите потпишан во 2010 година предвидува Mitsubishi за PSA Peugeot Citroën да произведе 100.000 примероци од електричните возила базирани на моделот i-MiEV, кој започна да се произведува една година пред тоа, но досега од сите три верзии се произведени вкупно 28.000 парчиња.
Во Франција, Mitsubishi i-MiEV, Peugeot iOn и Citroën C-Zero се продаваат по иста цена од 29.500 евра.
Во Франција, Mitsubishi i-MiEV, Peugeot iOn и Citroën C-Zero се продаваат по иста цена од 29.500 евра.
No comments:
Post a Comment