Божем случајно, како илустрација на текстот со кој се најавува еден лајфстајл настан во Лондон поврзан со храната, Mercedes ја објави првата фотографија на новото купе со четири врати
Разликата во однос на дизајнерската студија Concept Style Coupe е очигледна и не може да стане збор за забуна, посебно затоа што, како статичен гостин на настанот, во текстот се споменува и А класата, на чија основа е и креирано ова купе со четири врати.
Освен дека ќе се произведува во Унгарија, Mercedes за овој свој нов модел нема објавено никакви податоци. Концептот кој што го покажа на салонот на автомобилите во Пекинг има должина од 4.637 и ширина од 1.891 mm, додека меѓуоскиното растојание (2.699 mm) е идентично како и кај А класата. Беше опремен со 2,0 литарскиот бензински турбо мотор со директно вбризгување и 211 KS од А 250, кој преку седумстепена трансмисија со двојна спојка ги задвижува сите четири тркала.

поврзани вести:
Потврдена ознаката на бејби-CLS купето на Mercedes

No comments:
Post a Comment