Освежувањето на моделската гама на Jaguar на свет ги донесе AWD верзиите на XF и XJ. Оптимизираната распределба на силината на сите четири тркала поединечно овозможува поголема контрола на возилото во сите услови на возење. Во нормални услови само мал дел од вртежниот момент преку повеќеламелна спојка потопена во масло се испорачува на предните тркала, додека во екстремни ситуации, распределбата на силината е 50:50. Jaguar XF и XJ AWD, кои ќе бидат задвижувани од 3,0 литарски компресорски V6 мотор со 340 KS, ќе бидат на располагање само на одбрани пазари, меѓу кои не е Велика Британија. Во пакетот се вклучени и осумстепен автоматски менувач и старт-стоп технологија.
No comments:
Post a Comment