До крајот на годината ќе стаса и новата генерација на Cayman.
Boxster е веќе во продажба, но за претставување на неговата затворена верзија Cayman треба да се почека крајот на годината. Новата генерација на купето со централен мотор не ги менува стилот и пропорциите на претходникот, иако во реалноста нема што па подели со него - исто како што и Boxster е комплетно нов, таков ќе биде и Cayman. Покривот и задниот дел потсетуваат на најновата итерација на 911, задната светлосна група е „засечена" од подвижниот спојлер, а отворите за воздух зад вратите се јасен потпис на семејството на мали спортски автомобили.
И Cayman ќе располага со сите погодности од интересните технички новитети на отворениот брат - огромната употреба на алуминиум, електричното сервоуправување и активниот Torque vectoring систем кој ја распределува моќноста меѓу задните тркала. Во однос на старите верзии, Boxster и Cayman пораснаа за околу 3 cm, меѓуоскино растојание е подолго за 6, а ветробранското стакло поместено десетина сантиметри понапред. Моторите на купето ќе ги имаат истите шест, но благо посилни боксер цилиндри - 2,7 литарскиот ќе располага со 265, а 3,4 литарскиот со 315 KS, додека менувачот ќе може да биде мануелен со шест или PDK со седум степени.
Цените на новиот Cayman бидат благо повисоки од оние на Boxster и ќе започнуваат од 50 илјади евра.

поврзани вести:
Porsche Boxster (видео)
Porsche Boxster (видео)
No comments:
Post a Comment