Непосредно пред премиерата закажаната за салонот на автомобилите во Москва, кој се одржува од 31 август до 9 септември, Mazda ги објави првите фотографии и деталите за својата нова лимузина од средната класа.
Mazda6 има должина од добри 4.865 mm, ширина од 1.840, висина од 1.450 и меѓуоскино растојание од 2.830 mm, кои, освен поголемата кабина за патниците, овозможија и поголем простор за нивниот багаж од 483 литри. Нејзиниот изглед, како што знаевме, произлезе од агресивниот концепт Takeri, кој е носител на новиот „Kodo - душата на движењето" дизајнерски јазик, а душата, пак, на Mazda6, во целост е во знакот на SkyActiv технологијата. Моторите за Русија ќе бидат само два, четирицилиндрични бензински од 2,0 и 2,5 литри и 150, односно 192 KS, и двата со старт-стоп систем и шестстепени менувачи, мануелни или автоматски по избор, а поголемиот мотор ја има имплементирано и i-Eloop технологијата за регенерација на енергијата при кочење.
Караванската верзија, како и верзиите со европска спецификација кои ќе вклучуваат и дизел мотори, треба да бидат покажани на салонот на автомобилите во Париз, а продажба ќе започне кон крајот на годинава.
Караванската верзија, како и верзиите со европска спецификација кои ќе вклучуваат и дизел мотори, треба да бидат покажани на салонот на автомобилите во Париз, а продажба ќе започне кон крајот на годинава.
поврзани вести:
Започна производството на Mazda6
Започна производството на Mazda6
No comments:
Post a Comment