Модата се враќа!
Големите луксузни кабриолети кои некогаш беа заштитен знак на гламурозниот живот на слободоумното благородништво и џет-сетот, повторно ќе ги освојат улиците на француската ривиера, овој пат започнувајќи од калифорнискиот брег.
Луксузната марка на германскиот концерн VW, на неодамна одржаната парада на елеганцијата во Пебл Бич на одбрани клиенти им ја покажа визијата на својот најнов модел, но бидејќи ние, обичните смртници, не спаѓаме во нив, нé „угости“ само со објавувањето на скиците од големиот кабриолет со две врати, четири седишта и платнен покрив направен на основа на Mulsanne, проследени со епитети како што се модерен, елегантен, луксузен и со врвна технологија пополнет. Во соопштението за јавност, покрај зборовите „увид во потенцијалната иднина на предводникот на марката“, се споменуваат уште и брзорастечките пазари, но не термини кога би се појавил или пак детали за споменатата технологија.

No comments:
Post a Comment