Само пет години откако ја издвои хечбек верзијата на Corolla како посебен модел, Toyota ја подготви и неговата втора генерација.
Заменувајќи ги меките облини со поостри и понаметливи линии, најдобро продаваниот модел на Toyota во Европа ќе ги освојува купувачите со умно спакувани предности кои ќе ги овозможат комплетно новиот и попростран ентериер и модифицираната платформа со истото меѓуоскино растојание од 2,6 метри, која заради поинаквиот распоред на тежината обезбедува и подобри возни карактеристики. За нив, пак, ќе бидат задолжени познатите 1,33 и 1,6 литарски бензински и 1,4 и 2,0 литарски дизел мотори, на кои во не така далечна иднина ќе им се придружат и помоќни дизел мотори по потекло од BMW.
На салонот во Париз Toyota истовремено ќе ја прикаже и неговата хибридна верзија, која, како што велат од Англија каде и понатаму ќе се произведува Auris, ќе убеди една третина од европските купувачи дека е вистински избор, исто колку и бензинските и дизел варијантите.

поврзани вести:
Наследникот на Auris во Париз
Наследникот на Auris во Париз
No comments:
Post a Comment