Полесен, посилен и порафиниран - тоа се клучните зборови за новиот Range Rover, кој, како и што се очекуваше, за прв пат на јавноста ќе биде покажан на салонот на автомобилите во Париз.
Новата генерација на Range Rover, која во продажба ќе се појави на почетокот на идната година, естетски ќе биде веднаш препознатлива како Range Rover. Дизајнерски скроен под влијание на Evoque, новиот Range Rover изгледа подолг за неколку сантиметри (Land Rover официјално не ги објави димензиите), а спуштањето на линијата на покривот му даде поиздолжен изглед, притоа не намалувајќи ја просторноста на возилото, бидејќи освен зголеменото меѓуоскиното растојание изменети се и позициите на седиштата, со што е подарен поголем простор за 118 mm за нозете на патниците. На располагање ќе биде и со Executive Class пакетот, кој предвидува само две луксузни седишта на задната клупа.
Четвртата генерација на Range Rover најмногу измени претрпи под „кожата“. За прв пат широко е применет алуминиум во школката и ослонувањето, што е доведе до осетно намалување на тежината дури и до 420 kg, во зависност од моделот и регионот каде ќе се продава, што во спецификациите на возилото ќе значи бројка од нешто малку над два тона. Секако, ќе се намалат и емисиите на CO₂, кои треба да бидат околу 200 g/km. За ова ќе придонесе и целокупниот downsizing во просторот за моторот: 4,4 литарската V8 турбодизел верзија е придружувана од поефикасен 3,0 литарски V6, кој ќе треба да произведе некаде околу 300 KS, како и од преработените 5,0 литарски бензински V8 мотори со и без компресор. Наново конструираното воздушно ослонување ќе придонесе, како што велат од компанијата, „за поприродно и интуитивно чувство на управливост“, а новиот Terrain Response систем за поефикасно справување со теренските предизвици, бидејќи сам, автоматски, ќе се префрла од еден во друг режим на работа. Сите верзии на Range Rover ќе бидат опремени со осумстепена автоматска трансмисија од ZF.
Land Rover во својата агенда има и хибридна верзија на Range Rover, која ќе комбинира електричен и дизел мотор, со 35 km електрична автономија, која е во план да дебитира некаде кон крајот на 2013 година.

поврзани вести:
Range Rover се подготвува за замена
Range Rover се подготвува за замена
No comments:
Post a Comment