На поставувањето на темелите на новата фабрика во близината на Џакарта, Honda објави дека таму ќе се произведува и идниот нов компактен моноволуменец.
Фабриката во која Јапонците ќе вложат околу 326 милиони долари ќе има капацитет од 120.000 возила и треба да биде завршена во 2014 година. Главниот продукт кој во неа ќе се произведува е хечбекот Brio, кој е специјално развиен за азискиот пазар. Токму овој модел ќе биде и основа за идниот компактен моноволуменец, кој со студијата означена како Concept S, Honda го најави на салонот на автомобилите во Пекинг. Според тогаш објавените информации, овој модел за кинескиот пазар ќе започне да се произведува идната година во погоните на Dongfeng, по што ќе следи и неговиот глобален пласман.
поврзани вести:
Honda се враќа во моноволуменската класа
Honda се враќа во моноволуменската класа
No comments:
Post a Comment