Renault и со својата доставна гама покажува дека се грижи за околината.
31 May 2012
Toyota подготвува 8 нови компактни модели за пазарите во развој
Со новата стратегија за развој на глобални архитектури, Toyota ја најави и офанзивата на нови модели.
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Toyota
30 May 2012
Aston Martin го најави наследникот на DBS
Парадата на елеганцијата во Вила д'Есте на италијанското езеро Комо беше одлична можност Aston Martin да ги покаже линиите на наследникот на DBS.
часот, категории:
Aston Martin,
Home,
News Edition
Серијата 3 на BMW пред проширување
Според од порано познатите информации, BMW се подготвува да ги издвои купе и кабриолет верзијата на серијата 3 како посебен модел.
часот, категории:
BMW,
Home,
Secret Edition
29 May 2012
И кабриолет верзијата на Astra ќе се произведува во Полска
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Opel
28 May 2012
BMW го покажа Zagato Coupe на парадата на елеганцијата во Вила д'Есте
часот, категории:
BMW,
Home,
Turbo Edition
Renault ни ја подгреа меморијата
Со концептот A110-50, кој го покажа во Монте Карло за време на F1 викендот, Renault и даде нов живот на малку подзаборавената марка Alpine.
часот, категории:
Home,
Renault,
Turbo Edition
27 May 2012
Новата S класа ќе има шест деривати
Првиот човек на Daimler, Дитер Цече, на отворањето на новата фабрика во Кечкемет лично потврди дека според стратегијата за развој на компанијата до 2020 година, Mercedes од новата S класа наместо три како сега, ќе извлече шест деривати.
часот, категории:
Home,
Mercedes,
Secret Edition
Seat Ibiza
Со претставувањето на Cupra верзијата, Seat ја заокружи обновената гама на Ibiza. Претставена пред три години, Ibiza беше прв модел на шпанскиот производител кој го имаше имплементирано новиот дизајн на марката, така што естетските промени и не се големи. Задржувајќи ги основните линии, Ibiza сега има малку поголема трапезоидна маска со саќеста структура, поаглести светла, редизајнирани браници и нови задни светла. Моторната понуда на четвртата генерација на субкомпактниот модел на Seat не претрпи промени.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Seat
26 May 2012
Cadillac ATS
Со новиот ATS, General Motors започна да ги пополнува празнините во понудата на Cadillac. Дизајнот му е во согласност со трендовите на марката, со остри набори и вертикално исечени површини, а внатрешноста складно пополнета според стандардите на премиум сегментот каде припаѓа. Клучните карактеристики му ги даваат скоро 50:50 избалансираната распределба на тежината на двете оски, мулти линк Magnetic Ride адаптибилното ослонување и задните погонски тркала, кои силата ја добиваат од некој од трите алуминиумски мотори со директно вбризгување на горивото: четирицилиндричниот атмосферски од 2,5 литри со 200 KS и 255 Nm, 2,0 литарскиот турбо со 270 KS и 353 Nm и 3,6 литарскиот V6 со 318 KS и 362 Nm. Уште кога ќе се појави во продажба ова лето, Cadillac ATS опционално ќе може да биде опремен и со погон на сите четири тркала, додека во Европа ќе биде понуден и со дизел мотор.
часот, категории:
Live Edition,
Cadillac,
Home
Lexus го запре производството на HS 250h
Toyota дури сега објави дека во јануари престанал да се произведува првиот модел на Lexus кој беше проектиран само со хибриден погон.
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Lexus
25 May 2012
Наредниот родстер на Alfa Romeo ќе биде јапонски
Во заедничко соопштение, Fiat и Mazda објавија дека се договориле наредниот родстер на Alfa Romeo да биде произведуван од страна на Mazda во фабриката во Хирошима.
часот, категории:
Executive Edition,
Alfa Romeo,
Home
24 May 2012
Seat со ултраспортско трио во Вертерзее
Шпанската марка го искористи австрискиот годишен собир на љубителите на возилата под капата на VW да им претстави три свои спортски видувања на постојните модели.
часот, категории:
Home,
Seat,
Turbo Edition
И мал SUV на основа на А класата
По претставувањето на купето со четири врати кое ќе биде означено како CLA, сега акцентот се префрла на очекуваниот мал SUV.
часот, категории:
Home,
Mercedes,
Secret Edition
23 May 2012
Hyundai ќе го удвои производството во Турција
До крајот на идната година, од фабриката Hyundai Assan Otomotiv Sanayi треба да излегуваат по 200.000 возила годишно.
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Hyundai
Fiat и Suzuki во алијанса?
Со желба за побрзо задоволување на своите амбиции за освојување на индискиот пазар, се зборува дека Fiat сака да се здружи со Suzuki.
часот, категории:
Executive Edition,
Fiat,
Home,
Suzuki
22 May 2012
Volkswagen ќе понуди и улична верзија на Polo R WRC
Volkswagen ги изненади своите љубителите на собирот во Вертерзее покажувајќи ја легалната верзија на Polo R WRC, која ќе биде хомологирана за редовен сообраќај.
часот, категории:
Home,
Turbo Edition,
Volkswagen
21 May 2012
Dacia го претстави Dokker
На салонот на автомобилите во Казабланка, кој се одржува од 18 до 27 мај, Dacia го претстави Dokker.
часот, категории:
Dacia,
Home,
News Edition
20 May 2012
Lexus GS
Со новата генерација на седанот GS, Lexus продолжи со засилувањето на спортскиот карактер на своите возила. Поставен на ревидираната платформа од претходникот, основната гама на новиот GS се состои од GS250 и GS350 со 2,5 и 3,5 литарски V6 мотори, кои своите 209, односно 317 KS, преку шестстепен автоматски менувач, ги испорачуваат на задните или на сите четири тркала, додека зад хибридната ознака 450h се крие 3,5 литарски V6 мотор со електропомош и вкупно 345 KS.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Lexus
Toyota ја претстави електричната верзија на RAV4
Развиен во соработка со калифорниската компанија Tesla, која ги обезбеди компонентите од електропогонот, RAV4 EV ќе се најде во продажба во текот на летово по цена од 49.800 долари.
часот, категории:
Blue Edition,
Home,
Toyota
19 May 2012
Suzuki го освежи Splash за летово
Во согласност со својата традиција за долговечност на дизајнот, Suzuki со мали козметички зафати пред почетокот на летово го освежи малиот градски модел.
часот, категории:
Home,
News Edition,
Suzuki
Macan скоро подготвен за производство
Развојот на компактниот SUV на Porsche наскоро ќе биде целосно завршен и моделот ќе биде подготвен за производство.
часот, категории:
Home,
Porsche,
Secret Edition
18 May 2012
Volvo V40
На салонот во Женева претставениот модел V40 е петвратна верзија на идната генерација на C30. Агресивниот преден и задниот мускулест дел, изведен како микс меѓу купе и хечбек, дизајнерски се искомбинирани во силуета која наликува на кросоверите од шведската марка. Моделот долг 4,5 метри, Volvo ќе го лансира со пет бензински и три дизел мотори. Бензинската гама се состои од 1,6 литарски четирицилиндрични (со 150 и 180 KS) и 2,0 и 2,5 литарски петцилиндрични мотори (помалиот со 180 и 213, а поголемиот со 254 KS), а дизелската од еден 1,6 литарски четирицилиндричен (со 115 KS) и два 2,0 литарски петцилиндрични мотори (со 150 и 177 KS). Производството му започнува овој месец во фабриката на Volvo во Гент, Белгија, од каде ќе излегуваат по 90.000 примероци годишно, наменети првенствено за европските пазари.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Volvo
Toyota GT 86 и во кабриолет верзија?
Често споменуваното и долго очекувано купе на Toyota со погон на задните тркала можеби ќе доживее и отворена верзија.
часот, категории:
Home,
Scion,
Secret Edition,
Subaru,
Toyota
17 May 2012
BMW ја покажа и тривратната верзија на серијата 1
Скоро една година по претставувањето на новата генерација на серијата 1, BMW ја покажа и нејзината тривратна верзија.
часот, категории:
BMW,
Home,
News Edition
Porsche финализира со развојот на 918 Spyder
Германскиот производител на суперавтомобили ја покажа претпроизводствената верзија на plug-in хибридниот модел.
часот, категории:
Home,
News Edition,
Porsche
16 May 2012
Renault го освежи Espace
Две години по последниот редизајн, кога му беше унапредена и моторната понуда, Renault со благи дизајнерски измени му го продолжи животниот век на девет години стариот моноволуменец.
часот, категории:
Home,
News Edition,
Renault
Ново семејство мотори од Opel
Новите технологии како што се турбо натполнењето, директното вбризгување и старт-стоп системот, со цел да се намалат потрошувачката и емисијата на CO₂, наскоро ќе бидат пошироко присутни во гамата на Opel.
часот, категории:
Home,
News Edition,
Opel
15 May 2012
И Chevrolet со мал SUV
После Buick Encore и Opel Mokka, и Chevrolet ја покажа својата верзија на глобалниот мал SUV на General Motors, означен како Trax.
часот, категории:
Chevrolet,
Home,
News Edition
BMW ја претстави караванската верзија на серијата 3
Планирана за продажба подоцна годинава, семејната верзија на серијата 3 на BMW ги има истите карактерни особини како и лимузината.
часот, категории:
BMW,
Home,
News Edition
14 May 2012
Honda NSX
Претставен на салоните во Детроит и Женева, концептот на новата генерација на Honda, поточно Acura NSX, бидејќи новиот модел се развива и ќе се произведува во САД, се одликува со максимално агресивен, но не толку футуристички дизајн како другите студии на јапонскиот производител. Механички, новата генерација на NSX го задржува основниот концепт со централно поставен мотор, кој и овој пат ќе биде V6, но сега 3,5 литарски и со директно вбризгување на горивото, засилен со иновативниот SH-AWD хибриден систем со три електромотори, од кои еден од 30 kW ќе му помага во задвижувањето на задните, а два од по 20 kW ќе ги доведуваат возните својства на ултимативно ниво пренесувајќи ја својата сила на предните тркала. Наследникот на суперспортскиот NSX, чие производство после 15 години Honda го запре во 2005-та, се очекува да се појави како сериски модел во наредните три години.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Honda
Ford тројно ќе го зголеми производството на EcoBoost моторите
По повод започнувањето на производството на новиот 1,0 литарски EcoBoost мотор во Крајова, Ford ги објави плановите за неговите идни примени.
часот, категории:
Executive Edition,
Ford,
Home
13 May 2012
12 May 2012
И Audi со електричен велосипед
На сенародниот VW-собир на корушкото езеро Вертер, Audi ќе го претстави својот електричен велосипед.
часот, категории:
Blue Edition,
Audi,
Home
Автобусите на Alfa Romeo
Денес познат само по своите автомобили, легендарната италијанска марка во својата историја подолга од еден век има произведувано и камиони, автобуси, трамваи, трактори, локомотиви, авионски и бродски мотори, генератори, компресори, па дури и шпорети. Еве како им изгледаа автобусите.
часот, категории:
Memory Edition,
Alfa Romeo,
Home
11 May 2012
Компактниот модел на Infiniti ќе се произведува во Австрија
Со заедничко соопштените, Nissan и канадскиот автомобилски конгломерат Magna известија дека идниот компактен модел на Infiniti ќе се произведува во Австрија.
часот, категории:
Executive Edition,
Home,
Infiniti
10 May 2012
Renault Zoe
Zoe е најинтересниот модел од електричната гама на Renault, не само затоа што се работи за возило големо колку Clio, туку и заради најавената цена од неверојатно ниски 15.700 евра, која сепак е без батерии, чие изнајмување чини 79 евра месечно. Спакуван со најнапредната електрична технологија, Zoe уште од самиот старт е конструиран како електромобил, што му дава предности кои не можат да ги имаат возилата кои станале електрични со конверзија на нивната погонска група. Zoe има автономија од 210 km, која се постигнува со нормално деветчасовно полнење на батериите кои го снабдуваат електромоторот од 43 kW со електрична енергија, додека со специјални полначи после половина час батериите ќе имаат на располагање 90% од својот капацитет.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Renault
09 May 2012
Lamborghini Aventador J
За подготвување на спидстер верзијата на Aventador со врати кои се отвораат нанагоре, на инженерите на Lamborghini им требаа шест недели. Комплетно новиот дизајн го исклучува ветробранското стакло, механиката на овој екстремен отворен автомобил е идентична како и кај неговиот истоимен донатор - бескомпромисниот V12 со 700 KS, додека цената му е поставена на 2,1 милиони евра.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Lamborghini
08 May 2012
Opel Adam се „потпиша" на улиците низ Франкфурт
Денес точно во 6:30 часот, најмалиот член на големото семејство на Opel си го промовираше своето име.
часот, категории:
Home,
News Edition,
Opel
07 May 2012
Како се развиваше Subaru BRZ?
Toyota и Subaru долго време го развиваа своето заедничко купе со погон на задните седишта. Бирајќи го за него најдоброто од двете компании, спортското купе со 2+2 седишта располага со дволитарски боксер мотор со 200 KS и мануелен или автоматски менувач со шест степени на пренос. Во продажба на европскиот пазар ќе се најде летово под ознаките на двете марки, како Subaru BRZ и Toyota GT 86.
часот, категории:
Live Edition,
Home,
Subaru,
Toyota
Nissan Juke-R во лимитирана серија
По долгото загревање на јавноста и неверојатниот интерес што го постигна, Nissan одлучи да направи лимитирана серија од ултимативниот Juke-R.
часот, категории:
Home,
Nissan,
Turbo Edition
Subscribe to:
Posts (Atom)