Со цел да привлече повеќе млади купувачи, Mercedes планира низа нови и свежи изданија. Едно од нив треба да биде и малиот спортски седан со купе силуета и четири врати, од новинарите често нарекуван бејби CLS.
Како основа ќе ја користи модуларната MFA (Mercedes Front-wheel-drive Architecture) платформа од новата А класа, која овозможува и погон на сите четири тркала. Како што и Германците официјално потврдија за време на пуштањето во погон на новата фабрика во Кечкемет, овој модел, кој се очекува многу да наликува на поголемиот CLS, треба да биде втор модел, покрај B класата, кој ќе се произведува во неа. Ознаката на новиот модел не е објавена, но гласините велат дека се размислува меѓу CLC и CLA. Не е објавено ниту кога треба да се очекува, но не треба да се изненадиме ако осамне на некој од салоните во Њујорк или Пекинг, кои се одржуваат овој месец.
На церемонијата на отворањето на фабриката во Унгарија, во која се инвестирани 800 милиони евра, Mercedes истакна дека од лани во ноември, кога беше лансирана новата B класа, се добиени повеќе од 100.000 нарачки за неа. B класата досега се произведуваше само во Раштат, Германија.

No comments:
Post a Comment