Серијата теренски освежувања на Mercedes стигна и до големата GL класа.
Како и досега, наредната генерација на големиот теренец на Mercedes е базирана на основата на M класата, но има 5,12 метри должина и поголемо меѓуоскино растојание, кои и овозможуваат доволно простор за седум седишта. И однадвор, и одвнатре се забележуваат големи сличности со M класата, а најголемите разлики се кај задниот дел, кој е покоцкаст и овој пат со трето странично стакло со нанагоре закосен долен раб, кој на силуетата и дава стрелест изглед, а заедно со помускулестите задни крила и понагласените задни светла и поспортски стил на целото возило. Новата GL класа ќе биде понудена со истиот трилитарски дизел мотор како и ML 350 BlueTec, но со 240 KS, плус уште и 4,7 литарски бензински твин-турбо V8 со 362 и 429 KS.
Во исто време, Mercedes главно козметички, ги освежи и компактната GLK и легендарната G класа и објави дека во иднина дискутабилната R класа веќе нема да се нуди на домашниот американски пазар.
Во исто време, Mercedes главно козметички, ги освежи и компактната GLK и легендарната G класа и објави дека во иднина дискутабилната R класа веќе нема да се нуди на домашниот американски пазар.
No comments:
Post a Comment