Негативните реакции на женевската публика кои придонесоа за преиспитување на дизајнот на идниот SUV, не го забави неговиот развој.
Како дополнение на премиерата на W12 верзијата на Continental GTC, во Пекинг Bentley ги објави и моторните опции кои ги планира за својот луксузен SUV. Прва, секако, ќе биде спомената 6,0 литарска W12 верзија, која за големиот теренец е навиена на 600 KS и 800 Nm и спарена со новиот осумстепен автоматски менувач претставен во Continental V8, кој пак ќе ја позајми својата 4,0 литарска механика со 500 KS за втората моторна верзија, а и третата, дериват на хибридниот V6 plug-in погон од Porsche Cayenne, исто така е очекувана. За хибридниот EXP 9 F од Bentley велат дека ќе биде способен да помине 30 km само на струја, дека ќе забрзува до 100 km/h за помалку од 5 секунди и дека ќе емитува само 130 g/km CO₂.
Од Bentley сé уште не објавуваат што планираат да изменат во дизајнот на EXP 9 F.
Од Bentley сé уште не објавуваат што планираат да изменат во дизајнот на EXP 9 F.
поврзани вести:
Bentley EXP 9 F (видео)
Bentley EXP 9 F (видео)
No comments:
Post a Comment