Со покажувањето на студијата наречена Concept Style Coupe, Mercedes започнува со освојување на сосема нови пазарни сегменти.
Дизајнерска студија подготвена за салонот на автомобилите во Пекинг, својот секси изглед го должи на концептот F 800 Style од пред две години, а имплементираните бројни стилски елементи од свежо претставената А класа укажуваат дека развојот на идниот модел кој ќе настане од неа е во одмината фаза. Поставено на новата MFA платформа, купето со четири врати има должина од 4.637 mm, што е малку повеќе од C класата, со ширината од 1.891 mm, од неа е и за 121 mm пошироко, додека меѓуоскиното растојание од 2.699 mm е идентично како и кај А класата. Концептот е опремен со истиот 2,0 литарски бензински турбо мотор со директно вбризгување и 211 KS познат од А 250, кој сега ги задвижува сите четири тркала преку седумстепена трансмисија со двојна спојка.
Моделот кој како сериски производ се очекува идната 2013 година, ќе се произведува во Унгарија и биде именуван како CLC или CLA. За моторната понуда нема никакви информации, но извесно е дека свое место во него ќе најде и споменуваната 2,0 литарска погонска група од AMG со преку 320 KS.
Според претходно дадената изјава на директорот на Mercedes Дитер Цече, ова купе со четири врати е еден од петте сосема нови компактни модели од вкупно 10-те кои се очекуваат во наредните три години, со кои германскиот производител ќе го проширува кругот на своите купувачи, насочувајќи се пред сé кон помладите луѓе.

поврзани вести:
Mercedes го потврди малиот спортски седан
Mercedes го потврди малиот спортски седан
No comments:
Post a Comment