Само неколку месеци по дебито на концептот на салонот во Њу Делхи, Ford во Пекинг ја покажа производствената верзија на својот мал SUV.
Креиран за урбана околина, новиот мал SUV на Ford поставен на платформата на Fiesta се одликува со модерен дизајн и умни технологии ќе ги освојува главно помладите купувачи со својата компактност, агилност и економичност. Аеродинамично обликуваната каросерија е во согласност со новиот дизајнерски јазик на марката, а внатрешноста се карактеризира со зголемена функционалност.
Ford ќе го произведува EcoSport во Кина, Индија, Тајланд и Бразил, а ќе го нуди во стотина земји ширум светот. Во Европа сигурно ќе биде понуден и со 1,0 литарскиот трицилиндричен турбо мотор. Од другите моторни опции, зависно од пазарот, се споменува и нов 1,5 литарски Ti-VCT бензински мотор. За EcoSport се подготвува и шестстепена трансмисија со двојна спојка. Термините за негово лансирање на одредени пазари сé уште до крај не се дефинирани.

No comments:
Post a Comment