На салонот во Њујорк, кој се одржува од 6 до 15 април, еден од најнапредните патнички автомобили на планетава го доби својот наследник.
Сегашната, четврта генерација на Honda Legend е претставена далечната 2004 година и веќе и е време за замена, иако нејзините напредни технички детали уште никој не успеа да ги надмине. Но, тоа не беше пречка и наредната генерација на моделот кој во САД е познат како Acura RL, што е кратенка од „рафинирана луксузност“, освен со новата ознака RLX, да биде опремен со уште нешто ново - според официјални информации од Honda, новиот Legend ќе биде релативно лесно, пргаво и економично возило, во кое ќе биде вграден новиот Electric Super Handling All-Wheel Drive систем, со кој предните тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка ќе бидат задвижувани со заедничките сили на електромотор и 3,5 литарски V6 мотор со директно вбризгување на горивото, а задните од два електромотора. Поголемите димензии ќе го доближат раскошот на внатрешноста до најголемите модели од останатите луксузни производители, а дизајнот треба да биде близок до останатите модели на Acura, посебно до најпродаваниот TL, кој не се нуди во Европа.
Сериската верзија на Acura RLX, односно Honda Legend, ќе се нуди и во верзија без хибриден погон, во која 310-коњскиот бензински мотор ќе ги задвижува само предните тркала.
Сериската верзија на Acura RLX, односно Honda Legend, ќе се нуди и во верзија без хибриден погон, во која 310-коњскиот бензински мотор ќе ги задвижува само предните тркала.
No comments:
Post a Comment