10 April 2012

Нова развојна стратегија на Toyota

Со цел враќање на загубената лидерска позиција во глобалната продажба на возила, јапонскиот производител подготви нова развојна стратегија.

Клучен елемент на новата стратегија е развојот на глобални архитектури на кои ќе бидат поставени повеќе модели ширум светот, што, според Toyota, ќе биде чекор кој дефинитивно ќе им помогне да прават подобри возила. За реализација на ова, потребна е соработка меѓу одделенијата за планирање и развој на новите модели, при што заедничкото користење на платформите за возилата наменети за различните региони ќе овозможи симултан развој на повеќе модели, а со тоа и намалување на трошоците. Освен тоа, од стратешките промени кои ги опфаќаат сите марки во групацијата се очекува и скратување на времето потребно за лансирање нови производи и нивна поголема конкурентност како во поглед на дизајнот, така и во поглед на возните карактеристики. Првичните планови опфаќаат развој на три глобални платформи со погон на предните тркала, кои ќе бидат употребени кај повеќе од половината од целокупното производството.
Како дополнение на новата платформска стратегијата, Toyota уште објави и дека ќе ги концентрира одговорностите на главните инженери кои ги надгледуваат развојните проекти и дека ќе бидат назначени три регионални генерални менаџери за планирање, еден за Северна Америка и Кина, втор за Јапонија и Европа, а трет за остатокот од светот.

No comments:

Post a Comment