Со покажувањето на концептот наречен Urban Crossover, Peugeot најави дека на голема врата влегува во сегментот на мали кросовери.
Опишувајќи го како истовремено како елегантен и дрзок, рафиниран и харизматичен, спортски и заводлив, со новиот концепт Peugeot покажува како изгледа нивната визија за идната генерација на урбано и модерно кросовер возило. Замислен за градски живот, малиот кросовер од B сегментот е креиран со заеднички сили од дизајнерите на Peugeot во Париз, Шангај и Сао Паоло, кои каросеријата со должина од 4,14 метри атлетски ја обликувале, почитувајќи го во целост педигрето на марката и универзалноста на неговото користење.
Детали за механиката или очекуваното појавување на пазарот не се соопштени - се наведува само дека после Пекинг, овој концепт ќе има рандеву со француската публика на салонот во Париз есенва.
Детали за механиката или очекуваното појавување на пазарот не се соопштени - се наведува само дека после Пекинг, овој концепт ќе има рандеву со француската публика на салонот во Париз есенва.
No comments:
Post a Comment