Италијанскиот производител на спортски возила планира во наредните две години да претстави три нови модели.
Планот на групата Fiat предвидува значително зголемување на производството на Maserati - дури на 50.000 возила до 2015 година, во што значајна улога ќе имаат најавените три нови модели од три различни сегменти, за кои детали не се соопштени. Според она што се знае од порано, се работи за луксузниот теренец Kubang, покажан лани на салонот во Франкфурт, потоа за средноголем седан со купе линии со кој ќе се конкурира на BMW 6 Gran Coupe, Mercedes CLS и Audi A7, како и на новата генерација на Quattroporte. За нивно производство, Fiat ќе инвестира 500 милиони евра во поранешната фабрика на Bertone, која ја купи пред две години, додека во сегашната фабрика на Maserati во Модена, почнувајќи од мај идната година, ќе се произведува еден неименуван, но со планираната продукција од 2.500 возила годишно директно посочен модел на Alfa Romeo - спортското купе 4C, кое како концепт го видовме лани во Женева.
Двоседот со централно поставен 1,75 литарски турбо мотор и погон на задните тркала ќе биде првиот модел со кој Alfa Romeo ќе се врати на американскиот пазар. Се очекува неговата цена во Европа да изнесува околу 50.000 евра.
Двоседот со централно поставен 1,75 литарски турбо мотор и погон на задните тркала ќе биде првиот модел со кој Alfa Romeo ќе се врати на американскиот пазар. Се очекува неговата цена во Европа да изнесува околу 50.000 евра.
No comments:
Post a Comment