Со малиот доставен модел Citan, започна да се конкретизира соработката меѓу Daimler и Renault договорена во 2010 година.
Најавен за официјално покажување на јавноста дури за септември, на салонот на комерцијални возила во Хановер, Mercedes Citan, кој е направен на основа на Kangoo, има преден дел кој во целост наликува на тукушто претставената А класа, додека внатрешноста, за разлика од првично покажаните рендери, каде се чувствуваше духот на спортските модели на германската марка, сега е попрактична и пофункционална во согласност со доставната намена на возилото.
Citan ќе се нуди со три различни должини, од 3,94, 4,32 и 4,71 метри, како и во три каросериски варијанти - две доставни со две и пет места и патничка, која ќе ја има ознаката Mixto. Изборот на погонските групи ќе може да се прави меѓу три дизела со силина меѓу 75 и 110 KS и еден турбо бензински мотор со 114 KS, спарени со пет или шестстепени мануелни менувачи, во зависност од моторот, а тука е и BlueEfficiency пакетот кој се состои од старт/стоп систем, интелигентна контрола на работата на генераторот и пневматици со низок отпор на тркалање, кој е сериски кај бензинската, а опционален кај дизел верзиите на Citan. Дел од сериската опрема ќе биде и адаптивниот ESP систем за електронска контрола на стабилноста, кој ќе работи земајќи го предвид и оптоварувањето на возилото.
Mercedes Citan ќе се произведува во фабриката на Renault во Мобеж, Франција, каде се произведува и Kangoo. Во продажба ќе се најде пред крајот на годинава.

No comments:
Post a Comment