По 12 години и повеќе од 20 милиони произведени мотори, Ford и PSA Peugeot Citroën решија да ја ограничат својата соработка на полето на дизел моторите.
Според краткото соопштение, двете компании во иднина секоја за себе ќе ги развива поголемите дизел мотори (со работна зафатнина од 2,0 литра и повеќе). Како причина за ова се наведуваат идните потреби и новите регулативи, а поврзувањето на француската компанија со GM не се споменува. Оваа одлука нема да се однесува на производството на досега заедно развиените мотори, вклучително и на оние со Euro 6 стандардите, кои се очекуваат во 2014 година, ниту пак на помалото заедничко семејство дизел мотори со зафатнина од 1,4 и 1,6 литри.
Првите засебни големи дизел мотори на двете компании се очекуваат кај идните генерации комерцијални возила, некаде на средината од декадава.
Првите засебни големи дизел мотори на двете компании се очекуваат кај идните генерации комерцијални возила, некаде на средината од декадава.
No comments:
Post a Comment